понеделник, 20. август 2018. Вести денес: 28
home Останати спортови

Еден е тениски крал на земја: Надал 11-ти пат го освои Ролан Гарос

Еден е тениски крал на земја: Надал 11-ти пат го освои Ролан Гарос

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал по 11-ти пат го освои трофеј во Париз, триумфирајќи на твореното првенство на Франција. Надал во финалето на Ролан Гарос го совлада 24-годишниот Австриец, Доминик Тием (7-носител) со максимални 3-0 во сетови.

Првиот сет кој траеше неполн час му припадна на Шпанецот со 6-4. И во вториот, Надал уште на стартот направи брејк, остварената предност ја сочува до крајот на сетот кој го доби со 6-3. Третиот Шпанецот го реши експресно препуштајќи ми само два гема на противникот (6-2).

За Надал ова е вкупно 18-ти трофеј од Гренд слем турнирите, додека Тием кој го играше своето прво финале на турнирите од големата четворка, ќе мора да чека некоја наредна шанса.