среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 95
home Останати спортови

Џиролами со автомобилот на Давидовски го освои второто место на ТЦР Европа

Џиролами со автомобилот на Давидовски го освои второто место на ТЦР Европа

Нестор Џиролами го освои 2. место првата трка од ТЦР Европа во Ле Кастеле, крај Марсеј. Аргентинецот се најде зад воланот на Хонда Сивик подготвена за македонскиот возач Виктор Давидовски од тимот ПСС Рејсинг, откако француските власти не дозволија влез на Македонецот поради мерките за заштита од коронавирусот.

За официјалниот веб сајт на европското првенство во туринг возила (ТЦР), Џиролами откри дека резултатот се должи на добриот план пред трката, како и на перфектната реализација.

– Навистина сум среќен со овој резултат. На првата трка во саботата имавме послаба крајна брзина поради високите температури, па одлучив да нападнам веднаш, во првиот круг. Од седмо до четврто место стигнав речиси веднаш. Потоа дојде и дуелот за третото место, па тогаш помислив дека би можел да одам и на второто, но Таофик од Ауди доби казна и мораше во бокс, па всушност втората позиција ја добив без труд.

Џиролами беше петтопласиран на првата трка, па со вчерашните бодови за второто место сега е трет во генералниот пласман, зад вчерашните победници Даниел Лојд со Хонда и Мехди Бенани со Ауди. Првиот има 69 бода, вториот 68, а Џиролами е трет со 66 поени, по што следуваат Кларе со 62, Филипи со 58, Халдер со 52 и Бекман со 48 бода.

Следните две трки се закажани на 12 и 13 септември на патеката Золдер во Белгија. (МИА)

Коронавирус