сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Останати спортови

Двајца македонски боксери на „Загреб Гранд при 2020“

Двајца македонски боксери на „Загреб Гранд при 2020“

На сениорскиот турнир во Хрватска „Загреб Гранд При“ кој започнува од утре, 8 октомври и ќе трае до сабота ќе учествуваа двајца македонски боксери.

Арсим Етеми (категорија 81 кг) и Лео Јовановски (категорија 75 кг) се претставниците на Македонија на рингот во Загреб. Во нашата делегација се уште и тренерот Димитар Ташков и АИБА судијата Петре Неделковски, соопшти Боксерската федерација на Македонија.

Организаторот на турнирот, покрај домашните и македонските боксери, очекува и натпреварувачи од Русија, Украина, Франција, Италија, Полска, Казахстан. (MИА)

Коронавирус