Останати спортови

Дуплантис: Нема многу помеѓу мене и 6,3 метри

Дуплантис: Нема многу помеѓу мене и 6,3 метри

Атлетичарот Арманд Дуплантис (25) одново го собори светскиот рекорд во скок со стап, со прескокнување 6,28 метри во првиот обид на митингот од Дијамантската лига во Стокхолм (Шведска), на Олимпискиот стадион од 1912 година, пишува Светската атлетика (СА).

– Едноставно ќе уживам во ова, ќе уживам во моментот. Нема многу помеѓу мене и 6,3 метри, технички, само сум еден совршен ден далеку од тоа – рече Дуплантис, пренесе Светската атлетика.

Овој рекорд беше дополнително значаен за Швеѓанецот и првпат го подобри во својата држава.

– Се чувствувам исполнето во моментов. Првпат кога скокнав на овој стадион имав 11 години. Беше дождливо, студено и скокнав малку под четири метри. Беше многу високо за тоа колку бев млад. Тука ги врежуваат имињата на носителите на светски рекорди. Ќе биде навистина посебно моето име да биде врежано на стадионот, кој за мене е најубавиот стадион – рече двократниот олимписки шампион Дуплантис, пренесе „Би-би-си“.

To top