недела, 16. јуни 2019. Вести денес: 74
home Останати спортови

Драма по бакнежот: Боксерот Пулев објави компромитирачко видео со новинарката што го тужи (ВИДЕО)

Драма по бакнежот: Боксерот Пулев објави компромитирачко видео со новинарката што го тужи (ВИДЕО)

Бугарскиот боксер Кубрат Пулев, по победата против Богдан Дину предминатата сабота, на крајот од изјавата за новинарката Џени Суше, тој ја фати за лице и ја бакна без нејзина дозвола.

Таа во тој миг беше по малку збунета, но се насмеа и продолжи да известува за натпреварот. Неколку дена подоцна, таа сепак најави тужба против боксерот.

Пулев тогаш изјавуваше дека тие двајца се пријатели и дека тоа не било ништо невообичаено. – Бев многу возбуден поради победата, па ја бакнав. Таа вечер таа ни се придружи мене и на моите пријатели на прославата по борбата, раскажа тој за „Вегас спортс дејли“.

Потоа новинарката ги негираше тие наводи, па Бугаринот почна да објавува и компромитирачки видеа, наводно, од забавата. На првото се гледа како како таа му танцува в скут на негов пријател. Снимката ја направил братот на Пулев.

–Имам уште вакви снимки и ќе ги искористам ако ми затребаат, изјави боксерот.