понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 76
home Останати спортови

Драма на Дакар: Натпреварувач прегази човек среде пустина и продолжи да вози (ВИДЕО)

Драма на Дакар: Натпреварувач прегази човек среде пустина и продолжи да вози (ВИДЕО)

Рускиот возач Андреј Каргинов направи хаос за време на последната етапа од Дакар релито, кога од засега непознати причини влета меѓу помала група на гледачи среде пустината и еден од нив тешко повреди.

Се работи за Јужноафриканец кој не успеа да избега од тркалата на камионот и заработи скршеница на потколеницата. Тој со тешки повреди бил транспортиран во болница во најблискиот град.

Рускиот камионџија кој во 2014 го освои Дакар релито, а на актуелното по пет етапи е на третото место е дисквалификуван од натамошно натпреварување, бидејќи по несреќата продолжил да вози.

-Маж (60) од Јужна Африка, кој ја следел трката во необезбеден дел од патеката е удрен од камион, се наведува во соопштението од натпреварување со напомена дека Каргинов е исфрлен од натпреварување.

Коронавирус