сабота, 17. ноември 2018. Вести денес: 65
home Останати спортови

Довициозо победи на трката во Сан Марино

Довициозо победи на трката во Сан Марино

Возачот на Дукати, Андреа Довициозо, победи на трката за Големата награда на Сан Марино, што се возеше на патеката „Мизано“ во рамки на Мото ГП шампионатот.

Италијанецот стартуваше како четврти, но по неколку кругови го презеде водството и го задржа до самиот крај за радост на домашната публика.

Марк Маркез од Репсол Хонда со три секунди задоцнување заврши на втората позиција, а трет беше Кал Крачлоу од ЛЦР Хонда.

За Довициозо ова беше трета победа сезонава или вкупно 20 во кариерата.

Маркез со 221 бод се уште е лидер во генералниот пласман, а Довициозо е втор со 154 бодови.

Следната трка се вози во Шпанија за Големата награда на Арагон. (МИА)