понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 91
home Останати спортови

Добра трка за Иџе во Мисано

Добра трка за Иџе во Мисано

Тимот на Игор Стефановски Иџе го оспособи автомобилот за втората трка на Мисано по несреќниот инцидент во текот на вчерашниот ден, а напорната работа на крајот се исплатеше со оглед на тоа што популарниот Иџе имаше добар настап.

Македонскиот возач конечно беше поштеден од ривалите и не беше удрен или истуркан од патеката, па така денешната втора трка на Мисано ја заврши на осмата позиција.

Краткото време за поправка на автомобилот по вчерашниот несовесен удар од еден од ривалите не му остави простор на Стефановски да се бори и за повисок пласман, но дефинитивно позитивна вест е што ја заврши втората трка на познатата патека.

Инаку, победник на втората трка во Мисано во рамките на првенството ТЦР Италија беше Анти Бури, кој заврши девет секунди подобро од нашиот претставник во италијанското автомобилистичко натпреварување.

 

ЕУРО 2020

Македонија