понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 5
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Останати спортови

Димовски доби нов мандат за претседател на Боксерската федерација

Димовски доби нов мандат за претседател на Боксерската федерација

На Изборно собрание на Боксерската федерација на Македонија одржано во текот на вчерашниот ден, досегашниот претседател, Примислав Димовски доби едногласна доверба од делегатите да ја предводи федерацијата и во следните четири години.

На Собранието присуствуваа 28 делегати и сите едногласно одлучија Примислав Димовски да биде прв човек на БФМ.

– Се заблагодарувам на довербата, сакам да потенцирам дека ова ќе биде втор и последен мандат согласно законот. Ќе се вложам максимално боксот во Македонија да се развива, ќе барам да се работи според правилата, сите клубови да имаат услови за подобра работа, да имаме стабилност како и досега, репрезентацијата да ги ужива сите услови за добра работа, да нема неизвесност, изјави Димовски по реизборот.

Едногласно е избран и новиот Управен одбор, нови челнови се Фатон Асани, Душко Сачкарски, Самет Саливески и Петре Неделковски. Во составот на УП се уште и Горан Трајановски, Ден Дончев, Блажо Донев и Фатон Салиху кој воедно е реизбран за потпретседатен на федерацијата, соопштија од БФМ.

Парламентарни избори 2020