вторник, 7. декември 2021. Вести денес: 125
home Останати спортови

Димитар Ѓоргиев е нов светски шампион во кик-бокс!

Димитар Ѓоргиев е нов светски шампион во кик-бокс!

Најдобриот македонски кикбоксер, Димитар Ѓоргиев по шест години повторно ја врати светската шампионска круна во кик-бокс во свои раце. Ѓоргиев на Светското кикбокс првенство кое се одржува во Италија, стигна до златниот медал во дисциплината лоук-кик.

Македонскиот кикбоксер имаше извонредна финална борба победувајќи го Никола Дробњак од БиХ со 3-0, за нова светска круна. Претходно, како што е познато, Ѓоргиев во полуфиналето славепе и против Никола Николов од Бугарија.

За Димитар Ѓоргиев ова е четврто светско злато во кариерата уште еднаш потврдувајќи дека е еден од најдобрите светски кикбоксери. Претходно, со светската шампионска титула се закити на СП во 2011, во 2013 и во 2015 година. На светските првенства во 2017 и во 2019 година го освои бронзениот медал. Во својата кариера Ѓорѓиев има и европска шампионска титула од ЕП 2018, а на ЕП 2012 го освои сребрениот медал.

СИТЕ БОРБИ НА ДИМИТАР ЃОРГИЕВ НА СП 2021 ВО ИТАЛИЈА:

ДИСЦИПЛИНА ЛОУ КИК (до 81 кг.)
Димитар Ѓоргиев – Давид Дано (Италија) 3-0
Димитар Ѓоргиев – Милош Даковиќ (Србија) 3-0
ПОЛУФИНАЛЕ
Димитар Ѓоргиев – Никола Николов (Бугарија) 3-0
ФИНАЛЕ
Димитар Ѓоргиев – Никола Дробњак (БиХ) 3-0

Коронавирус