Македонскиот Олимпиец Дејан Георгиевски денеска го очекува нов настап на големо натпреварување во таеквондо. Тој денеска ќе настапи Европското првенство кое се одржува во Манчестер, Англија.
Освојувачот на олимпиското сребро во Токио е прв носител на турнирот и Македонија со право од него очекува нов медал.
Македонскиот таеквондост е слободен во првото коло и ќе започне со борби од четвртфиналната фаза во категоријата над 87 кг. Дејан Георгиевски ќе налета на подобриот од дуелот меѓу Милош Пилиповиќ (Норвешка) и Паско Божиќ (Хрватска).