четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 153
home Останати спортови

Дејан Георгиевски: Можам да го победам буквално секој борец на светот, одам на златен медал на ЕП!

Дејан Георгиевски: Можам да го победам буквално секој борец на светот, одам на златен медал на ЕП!

Европскиот шампион во теквондо Дејан Георгиевски изминатиов викенд имаше одличен настап на Г-1 турнирот „Србија опен“ каде што во финалето на категорија над 87 кг се сретна со Чо Махама од Велика Британија кој е актуелна носител на бронзен од Олимписките игри во Рио и втор на последното Светско првенство во Кореа.

Нашиот репрезентативец, буквално до самиот крај, до последните секунди, водеше израмнета борба 4-4 и во последната секунда го загуби златниот. Сепак, достојно се носеше со една од најголемите ѕвезди во овој олимписки спорт, пишува  ipon.mk.

На последниот Г1 турнир во Белград се сретна со еден од големите конкуретнти во категоријата Британецот Чо Махама кој е име во светот на теквондото и загуби во полседните секунди по изедначената борба, а со тоа и златото на Галеб Србија опен. Како гледаш на борбата кога веќе сите работи се легнати?

-Од оваа перспектива можам подобро да ја согледам борбата со Чо. Сепак, тој е носител на олимписки медал, а тоа говори се за неговите квалитети, но сметам дека пружив рамнопрвана борба, изгубив не заради помалку квалитет туку заради преголемото негово искуство. Едноставно, успеа да ми земе поен во последните секунди на овоа борба.

Знаете таеквондото е фулконтакт, а Чо удира како топ и навистина тоа боли. Чувството да се борите рамноправно со олимписки медалист не може да се опише, но оваа борба ми откри уште една нова димензија, со која во наредната средба со Британецот јас ќе победам

И уште што е побитно, веќе со неколку конкуренти се испроба и ги доби. Колку ти значи тоа, односно колку е подобра твојата психо-физичка стабилност?

-Секако секоја средба со ваква олимписка ѕвезда влијае силно на мојата самодоверба, бидејќи гледам дека можам да го победам буквално секој борец на светот, без разлика дали е олимписки медалист или светски.

Целото интервју, прочитајте го на ipon.mk

Коронавирус