сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 91
home Останати спортови

Дебитантско финале на Индијан Велс

Дебитантско финале на Индијан Велс

Грузиецот Николоз Басилашвили и Британецот Камерон Нори ќе се борат за титулата во Индијан Велс и за двајцата тенисери тоа ќе биде прво финале на турнир од серијата Мастерс.

Басилашвили (36 на АТП листата) во полуфиналето го совлада Американецот Тејлор Фриц со 7-6, 6-3, додека Нори беше подобар од Бугаринот Григор Димитров со 6-2, 6-4.

Басилашвили во кариерата досега има освоено пет турнири, од кои два оваа година во Доха и Минхен, додека Нори има сама една титула освоена во мај годинава во Лос Кабос.

Коронавирус