Останати спортови Шок во „Крусибл“

Дебитант го победи актуелниот шампион Вилсон во првото коло на најважниот снукер турнир

Дебитант го победи актуелниот шампион Вилсон во првото коло на најважниот снукер турнир

Кајрин Вилсон стана уште еден актуелен шампион на Светското првенство во снукер во Шефилд, кој првпат го освоил турнирот и нема да може да го одбрани трофејот во „Крусибл“, со што стана нова жртва на таканаречената „Крусибл клетва“.

Англискиот снукер маестро стана дваесетти играч во историјата, кој не успеал да ја одбрани титулата откако претходната година првпат бил крунисан како светски шампион во легендарната снукер арена.

Вилсон во првото коло на годинешното издание на најважниот и најпрестижниот снукер турнир загуби од дебитантот Леи Пеифан, дозволувајќи голем пресврт на помладиот кинески ривал.

Противник на Пеифан во втората рунда ќе биде подобриот од дуелот меѓу Џек Џоунс и Жао Џинтонг.

To top