Останати спортови голем триумф

Дарио Ивановски победник на полумаратонот во Дубровник

Дарио Ивановски победник на полумаратонот во Дубровник

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски триумфираше на денешниот полумаратон во Дубровник, Хрватска.

Нашиот натпреварувач го освои првото место со рекорд на патеката од еден час, осум минути и две секунди.

На втората позиција Жељко Кота од Хрватска (1:14.26), пред третопласираниот Јакуб Галасиевич од Полска (1:15.21).

Во женска конкуренција победничка е Блетнејд Патон од Ирска (1:31.52), пред Тијана Кабиќ од Србија (1:35.16), а на третата позиција е Ливе Гјесдал Нилсон од Норвешка (1:36.12).

Дубровничките денови на трчање овој викенд собраа повеќе од 2.000 тркачи од целиот свет, а околу 800 волонтери учествуваа во организацијата.

To top