вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 140
home Останати спортови

Даниел Димевски нов претседател на Македонскиот олимписки комитет

Даниел Димевски нов претседател на Македонскиот олимписки комитет

Нов претседател на Македонскиот олимписки комитет е Даниел Димевски. Тој на челното место на МОК доаѓа како наследник на Васил Тупурковски кој по 28 години заминува од претседателското место.

Ова е одлучено на вечерашното Изборно собрание во хотелот „Александар Палас“ во Скопје кое мина во тензична атмосфера и со предвремено заминување на десетина делегати од федерациите кои беа против изборот на Димевски.

Меѓу нив беше и претседателката на Атлетската федерација на Македонија, Александра Војнеска – Зикова која беше вториот кандидат за претседателската функција.

Од оние 32 кои останаа во салата, 30 гласаа за поранешниот прв човек на Македонската кошаркарска федерација.

Делегатите го избраа Тупурковски за почесен претседател на МОК, додека поранешниот македонски репрезентативец е избран за нов член.

Коронавирус