вторник, 3. октомври 2023. Вести денес: 18
home Останати спортови

Дани Педроса се повлекува од Мото ГП шампионатот

Дани Педроса се повлекува од Мото ГП шампионатот
epa06883887 A handout photo made available by MotoGP of Spanish MotoGP rider Dani Pedrosa of the Repsol Honda Team posing during a press conference at the Sachsenring in Hohenstein-Ernstthal, Germany, 12 July 2018. Pedrosa announced his retirement after the current MotoGP season. EPA-EFE/DIEGO SPERANI HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Возачот на Репсол Хонда, Дани Педроса, објави дека по завршувањето на сезоната ќе се повлече од Мото ГП шампионатот.

Педроса одлуката ја соопшти на прес-конференцијата во пресрет на трката за Големата награда на Германија.

Тој објави дека по 18 години решил да ја заврши кариерата во Светското првенство.

– Следната годинa нема да се натпреварувам во Светското првенство и ќе ја завршам кариерата во кралската класа оваа сезона. Долго размислував пред да ја донесам одлуката, бидејќи ова е спорт што го сакам. Чувствувам дека повеќе тркањето не го доживувам со ист интензитет како порано и дека имам други приоритети во животот, истакна Педроса.

Шпанецот е еден од најусупешните возачи на сите времиња, а со 54 победи се наоѓа на третото место, има три шампионски титули (една во класата до 125 кубни сантиметри и две во класата до 250 кубни сантиметри).

МИА