петок, 14. јануари 2022. Вести денес: 31
home Останати спортови

Циципас: Ѓоковиќ прави ние останатите да изгледаме како будали

Циципас: Ѓоковиќ прави ние останатите да изгледаме како будали

Грчкиот тенисер, Стефанос Циципас вели дека тој никогаш не би ги прекршил правилата, а тенисерите како Ѓоковиќ прават останатите да изгледаат како будали.

Не стивнуваат реакциите за Новак Ѓоковиќ чиј настап на Австралија опен се уште виси во воздух и зависи од одлуката на австралиските власти дали ќе побараат депортација или не.

Еден од оните кои го крена гласот против Ѓоковиќ е и Гркот, Стефанос Циципас.

„Ѓоковиќ дефинитивно си игра по свои правила и прави работи кои повеќето тенисери не би имале храброст да ги направат. АТП ги објави критериумите за влез во Австралија и јас никогаш не би тргнал невакциниран да влезам во земјата и да ги кршам протоколите“, вели Циципас.

„Очигледно дека сите не се подготвени да ги следат правилата. Мал процент си бара некој свој пат и прави ние останатите да изгледаме како будали“.

Коронавирус