петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Останати спортови

Циципас: Ги презедов сите неопходни мерки за да се заштитам

Циципас: Ги презедов сите неопходни мерки за да се заштитам

Шестиот рекет на светот, Стефанос Циципас внимавал додека патувал за време на пандемијата со коронавирус.

–Неодамна, гледам многу коментари и загрижености за моето здравје и безбедност, предизвикани од фактот дека патував во последните неколку недели. Сакам сите да знаете дека здравјето е најважно за мене, затоа се обидов да потрошам што е можно повеќе време во затворен простор. Ве уверувам дека за време на моите патувања ги преземав сите неопходни мерки за да се заштитам и да ги минимизирам контактите, се обидов да се изолирам што е можно подобро, изјави Циципас.

Сепак, јас сум спортист и важно ми е да останам активен. Треба да излезам да тренирам и да се грижам за телото кога има безбедна можност за ова, вели грчкиот тенисер.

Тој апелира до сите да бидат внимателни.

–Сфаќам дека секој има улога да го победиме вирусот за да можеме да го преживееме овој тежок период што е можно побрзо. Грижете се за себе, порачува Циципас.

Коронавирус