среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 92
home Останати спортови

Четврти триумф по ред за Хамилтон на патеката „Каталуња“

Четврти триумф по ред за Хамилтон на патеката „Каталуња“

Актуелниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, попладнево забележа уште една победа, четврта во низа, на патеката „Каталуња“ во Барселона.

За возачот на Мерцедес, ова беше 88. победа во кариерата, по која дојде на само три од рекордот на Михаел Шумахер.

Водено, Британецот по 156-ти пат се избори за подиум и стана најдобриот во историјата во оваа статистичка категорија.

Второто место на шпанското Гран-при го освои Макс Верстапен од Ред Бул, додека трет беше Валтери Ботас од Мерцедес.

Бодови во Барселона денес освоија и Перез, Строл, Сајнц, Фетел, Албон, Гасли и Норис кои редоследно се пласираа од 4-10. место.

Во Генералниот поредок по шест трки во Ф1 шампионатот, Хамилтон ја зголеми предноста на врвот и сега има 132 бода, пред Верстапен кој собра 95 и Ботас со 89.

Коронавирус