четврток, 15. април 2021. Вести денес: 164
home Останати спортови

Четворица македонски мечувалци подготвени за СП во Египет

Четворица македонски мечувалци подготвени за СП во Египет

Египетската престолнина Каиро од утре ќе биде домаќин на Светското првенство во мечување во кадетска и јуниорска конкуренција, на кое ќе настапи четиричлена македонска селекција во состав Петар Србиноски, Јован Величкоски, Никола Николовски и Матеј Александровски.

Македонскиот состав, кој вчера пред заминувањето за Египет беше примен од директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски, вредно тренираше изминатата година за настап на Мундијалот и покрај сите неприлики и тешки услови предизвикани од светската пандемија.

Светското првенство во мечување во кадетска и јуниорска конкуренција ќе трае до 11 април.

Коронавирус