петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 122
home Останати спортови

Целиот свет „полуде“ по овој табата тренинг, за половина час согорува 400 калории

Целиот свет „полуде“ по овој табата тренинг, за половина час согорува 400 калории

Ако барате идеи за тренинг кој можете брзо и ефикасно да го извежбате во домашни услови, пронајдовме еден кој би можел да ви се допадне.

Порталот „PopSugar“ пред 3 години објавил видео од 30-минутен табата тренинг кој е многу интензивен, но забавен, а притоа согорува голем број калории. Како што тврдат експертите, за половина час може да согорите до 400 калории!

За почеток, што е всушност табата?
Табатата е осмислена од јапонскиот научник д-р Изуми Табата кој увидел дека таквиот тренинг стимулира значајно подобрување на аеробната и анаеробната издржливост.

Тренингот е исклучително краток, но и тежок бидејќи станува збор за интервали со многу висок интензитет и краток одмор. Еден круг воглавно се состои од 4 вежби кои се изведуваат 20 секунди, со само 10 секунди одмор помеѓу нив.

Таквиот тип на тренинг може да се примени во речиси сите активности и во него можат да се вклучат разни вежби, а една од најдобрите предности е согорување на масното ткиво кое трае долго по крајот на вежбањето.

Тренингот кој го „полуде“ светот и кој го споменавме на почетокот е прилагоден и за почетници. Со тренерот на снимката вежбаат две девојки – едната го следи неговото темпо, а другата ги прави вежбите побавно. На тој начин со текот на времето ќе изградите кондиција и, кога ќе дојдете во форма, извежбајте го од почеток и одлично ќе се испотите, а телото ќе ви биде благодарно.

Коронавирус