среда, 23. октомври 2019. Вести денес: 77
home Останати спортови

Бузалковски по страшен пад на квалификациите, успеа да дојде до уште една пол позиција и победа

Бузалковски по страшен пад на квалификациите, успеа да дојде до уште една пол позиција и победа

Викендов во Плевен Бугарија се возеше последната трка од БМУ Европскиот Шампионат во брзински моторциклизам.

На последната трка од БМУ Шампионатот нашиот најмлад натпреварувач Христијан Бузалковски (71 ТЕАМ) успеа уште еднаш да дојде до пол позиција и победа во класата до 600 кубни сантиметри.

Но викеднов беше многу поразлично од останатите трки,Бузалковски на првите квалификации во саботата,во првиот круг доживеа тежок пад при што беше катапултиран од моторот,и заврши во болница.

Но падот  не го спречи младиот возач по 3 часа повторно да седна на моторот и да доминира во трката и на крајот да мине прв низ целта.