четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 122
home Останати спортови

Бура од реакции на УС опен: Тенисерката се соблече за време на мечот, судијата ја казни, а мајката на Енди Мари брутално удри по него (ВИДЕО)

Бура од реакции на УС опен: Тенисерката се соблече за време на мечот, судијата ја казни, а мајката на Енди Мари брутално удри по него (ВИДЕО)

Француската тенисерка Ализ Корне за време на почетокот на третиот сет на УС опен ја соблече маицата по што наиде на неочекувана казна од судијата.

Имено Корне по паузата која е воведена поради топлото време помеѓу вториот и третиот меч се врати на теренот со облечена маица наопаку.

Тенисерката не ја прекина играта и не заминала во соблекувалната, туку само и го свртила грбот на камерата и се пресоблекла пред публиката.

Судијата од столчето Кристијан Раск ја казни Французинката поради неспортското однесување бидејќи го покажала спортскиот градник под маичката.

По ова бурни реакции следуваше на Твитер, а свој коментар имаше и мајката на тенисерот Енди Мари која застана во одбрана на Корне.

Инаку според правилата на ВТА, тенисерките не смеат да ја соблекуваат опремата на теренот, додека тоа правило не важи за мажите.

Коронавирус