среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 101
home Останати спортови

Брутален старт: Играч на американски фудбал за малку ќе обезглавеше противник (ВИДЕО)

Брутален старт: Играч на американски фудбал за малку ќе обезглавеше противник (ВИДЕО)

Вонтејз Бурфикт, играчот на тимот во американски фудбал, „Оукленд рајдерс“ предизвика вистинска бура контроверзи и негодувања по бруталниот старт извршен врз Џек Дојл, кој настапува за Индијанаполис колтс. Бурфикт залетан со полна брзина со шлемот го удри Дојл директно во главата иако овој веќе клекнат на тревата.

Поради таквиот опасен потег, Бурфикт веднаш беше исклучен од натпреварот, но голем број аналитичари и фанови веднаш почнаа и кампања со барање тој да добие долга суспензија.

Таквите повици за суспензија на Бурфикт се базираат врз тоа што овој „валкан“ потег е само најновиотѕ во низата опасни стартови што тој ги има направено во кариерата. Бурфикт веќе има платено повеќе од четири милиони долари казни и бил суспендиран 10 пати поради удирање со глава за време на играта.

Коронавирус