четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 110
home Останати спортови

БРАВО ДЕЈАН: ГЕОРГИЕВСКИ ОСВОИ СРЕБРЕН ОЛИМПИСКИ МЕДАЛ ЗА МАКЕДОНИЈА

БРАВО ДЕЈАН: ГЕОРГИЕВСКИ ОСВОИ СРЕБРЕН ОЛИМПИСКИ МЕДАЛ ЗА МАКЕДОНИЈА

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски и донесе сребрен олимписки медал на Македонија во категорија +80 килограми.

Георгиевски загуби во финалната борба од Русинот Владислав Ларин со резултат 15:9, а Мохамед Азми од Египет беше судија на оваа борба.

Георгиевски од Токио се враќа со сребрен медал, а во финалето се пласираше откако во полуфиналето го совлада Кореецот Ин кој го носи прекарот „магионичарот“.

Утринава, патот кон олимпискиот медал, Дејан го започна со победата на актуелниот светски шампион Рафаел Алба од Куба, а следуваше и победата над Саиду Гбане од Брегот на Слоновата коска.

Коронавирус