петок, 14. август 2020. Вести денес: 0
home Останати спортови

БРАВО: Александар “Велики“ Волкановски ја одбрани светската круна во ултимејт фајт! (ВИДЕО)

БРАВО: Александар “Велики“ Волкановски ја одбрани светската круна во ултимејт фајт! (ВИДЕО)

Македонецот од Австралија, Александар „Велики“ Волкановски, ја одбрани титулата светски шампион во ултимејт фајт, славејќи на поени во категоријата до 66 килограми против Американецот Макс Холовеј во Абу Даби.

Во римечот со истиот ривал што го совлада кога стана планетарен првак во декември минатата година, за Волкановски двајца од судиите гласаа со 48:47, а еден му даде идентична предност на Холовеј.

За 31-годишниот Волкановски ова е 22. победа во 23. борба во Ултимејт фајт шампионатот (УФЦ).

Тој е роден во Шелхарбур, во австралиската држава Нов Јужен Велс, татко му е од битолското село Беранци, а мајка му од Егејска Македонија.

Волкановски е горд на своето македонско потекло и тоа го покажува и со фотографирање со знамето со сонцето од Кутлеш, а стилот на борба му го донесе прекарот што го поврзува со Александар Македонски.

Коронавирус