петок, 24. септември 2021. Вести денес: 134
home Останати спортови

Брат и сестра во ист ден освоија олимписко злато во џудо

Брат и сестра во ист ден освоија олимписко злато во џудо
Japan's Uta Abe celebrates winning the judo women's -52kg final bout against France's Amandine Buchard during the Tokyo 2020 Olympic Games at the Nippon Budokan in Tokyo on July 25, 2021. (Photo by Franck FIFE / AFP)

Јапонски џудисти станаа првите брат и сестра во историјата на Олимписките игри кои освоија златен медал во ист ден.

Семејството Абе имаше вечер за паметење во легендарната сала за боречки вештини „Нипон Будокан“ во Токио, откако Ута Абе освои злато неколку часа по нејзиниот брат Хифуми.

Дваесет и едногодишната Ута славеше во категоријата до 52 килограми, совладувајќи ја Французинката Аманден Бушар во финалето, додека две години повозрасниот Хифуми стана олимписки првак во категоријата до 66 килограми. Во борбата за злато, тој го победи Грузиецот Важа Маргвелашвили.

„Немаше да стигнам олку далеку без брат ми. Мислам дека без него немаше ни да почнам да тренирам џудо“, рече Ута Абе.

Коронавирус