недела, 19. мај 2019. Вести денес: 7
home Останати спортови

Ботас најбрз во Азербејџан

Ботас најбрз во Азербејџан

Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас е победник на трката од Шампионатот во Формула 1 возена денеска во Баку за Големата награда на Азербејџан.

Второто место го освои неговиот тимски колега Луис Хамилтон, додека трет беше Себастијан Фетел од Ферари.

Пилот на Ред Бул, Макс Верстапен беше четврти, Шарл Леклер од Ферари петти.

Од шестата до десетта позиција ги освоија: Серхио Перез (Рејсинг поинт), Карлос Саинц (Мекларен), Ландо Норис (Мекларен), Ленс Строл (Рејсинг поинт) и Кими Раиконен (Алфа Ромео).

Во Генералниот пласман по четири трки, води Ботас со 87 поени, пред Хамилтон со 86 поени.