понеделник, 21. октомври 2019. Вести денес: 19
home Останати спортови

Ботас ја ужива довербата на Мерцедес

Ботас ја ужива довербата на Мерцедес

Шефот на Мерцедес, Тото Волф истакна дека тимот не ја изгубил вербата во Валтери Ботоас.

Финецот во 2018 година не забележа ниту една победа во шампионатот од Формула 1. Имаше гласини дека од 2020 година, Ботас може да биде заменете со Естебан Окон.

– Се разбира, ние сметаме на Естебан во иднина. Имаме опции за тоа за 2020 година. Тој може да биде дел од Мерцедес. Зависи од тоа како следната сезона ќе ја одработи Ботас. Ние не ја изгубивме вербата во Валтери. Ако не верувавме во него, сега би го замениле. Тој е наш човек, и ние сме на негова страна, нагласи Волф.