недела, 20. септември 2020. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ботас го продолжи договорот со Мерцедес

Ботас го продолжи договорот со Мерцедес

Финскиот возач Валтери Ботас го продолжи договорот со Мерцедес до крајот на 2021 година, објави германскиот тим во Формула 1.

Ботас е член на Мерцедес од 2017 година и за тоа време оствари осум победи, 12 пол-позиции и 39 од вкупно 48 подиуми во својата кариера.

Заедно со светскиот шампион Луис Хамилтон, тој придонесе Мерцедес да ја освои титулата во конкуренцијата на конструктори во последните три години, од вкупно шест во низа и тој ја заврши втор минатата сезона во конкуренција на возачите. (МИА)

Коронавирус