четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 115
home Останати спортови

БИДИ ГОРДА МАКЕДОНИЈО: Дејан Георгиевски ни го оствари олимпискиот сон, се вее македонското знаме во Токио

БИДИ ГОРДА МАКЕДОНИЈО: Дејан Георгиевски ни го оствари олимпискиот сон, се вее македонското знаме во Токио

Македонскиот таеквондистот Дејан Георгиевски го освои второто место и сребрениот медал на Олимпијадата во Токио. Тој е нашиот херој, херој на кој сме многу горди сите.

Тој попладнево во финалето во категоријата +80 килограми, загуби од Русинот Владислав Ларин со 15:9.

Рускиот натпреварувач подобро го отвори мечот и се стекна со водство од 2:0 по првата рунда. Рамноправно беше во вторите две минути. Запишани беа по седум поени на двете страни за 9:7 пред стартот на решавачката, трета рунда. На една минута до крајот на борбата Георгиевски губеше со 8:13, недостижно за конечен триумф.

Сепак, и покрај поразот, Георгиевски се запишува во историјата на македонскиот спорт, како втор освојувач на медал на Олимпијадите.

Со овој успех Дејан Георгиевски ни го оствари олимпискиот сон.

Редакцијата на КУРИР му го честита на Дејан овој огромен успех

Коронавирус