среда, 19. февруари 2020. Вести денес: 7
home Останати спортови

Без изговори: 10-минутен тренинг во домашни услови

Без изговори: 10-минутен тренинг во домашни услови

Немате време за вежбање? Сигурни сте?

Фитнес инструкторката Памела Рajф сподели со нејзините следбеници на социјалните мрежи дека во 2019 година вежбала повеќе од 3 пати неделно во 94% од времето, што значи дека вежбала редовно во 49 од вкупно 52 недели во годината.

Таа нагласува дека тоа немало да биде возможно без нејзиниот режим на вежбање без опрема што ѝ овозможил да вежба секаде и во секое време.

Токму затоа ги охрабрува сите да ги тргнат на страна изговорите и да почнат да вежбаат.

Овој тренинг од 10 минути е доволен за почеток, а потоа може да преминете на посериозна физичка активност, како кревање тегови или HIIT вежби.

Може да го комбинирате со други активности, како пешачење, трчање, возење велосипед или ролери, качување на планина и друго.

 

извор: kajgana.com