Останати спортови Ф1

Берман го искрши болидот на првиот тренинг (ВИДЕО)

Со слободните тренинзи во „Алберт Парк“ во Мелбурн започна новата сезона во Формула 1. Најбрзи беа Ландо Норис на првиот и Шарл Леклер на вториот тренинг.

Стартот на сезоната го обележа инцидентот на новиот возач на Хас, Оливер Берман. Тој направи почетничка грешка во десеттиот свиок и го искрши својот болид. За среќа возачот мина без повреди.

Првиот тренинг му припадна на Норис со 1:17.252 минути. Одлични беа возачите на Вилијамс, Саинс заврши втор, а Албон на шестото место. Луис Хамилтон во Ферари првиот тренинг го финишираше на 12-тото ;место.

Вториот тренинг му припадна на Леклер (1:16.439 минути) пред возачите на Мекларен, Пјастри и Норис, изненади Јуки Цунода со четвртото место, а Хамилтон беше петти.

Берман го пропушти тренингот, во неговиот Хас е ставен нов мотор и нов менувач.

To top