недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 0
home Останати спортови

Бердих во еден период размислувал за пензионирање

Бердих во еден период размислувал за пензионирање

Чешкиот тенисер Томаш Бердих откри дека изминатиот период размислувал да ја прекине својата кариера. Тој оваа сезона се соочува со повреди и подолго отсуство од терените.

– Повредата на грбот е последица од проблемите со колкот од пред неколку години. Тогаш ги оптоварував другите делови на телото. Минав низ тежок период, размислував дури и за повлекување од тенисот. Сепак, одлучив дека пензионирање со 33 години ќе значи залудно вложен труд во целата досегашна кариера, изјави Бердих.

33-годишниот Чех највисоко на АТП ранг листата стигна до четвртата позиција и сега сака повторно да напредува.

– Ќе се обидам добро да се подготвам и да размислувам само за моите ривали. Можам да направам прогрес со труд и малку среќа.

Бердих зад себе има 13 АТП трофеи и едно Грен слем финале, во Вимблдон 2010 година.

Коронавирус