петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 158
home Останати спортови

Беноа Пер парично казнет заради непримерно однесување

Беноа Пер парично казнет заради непримерно однесување

Францускиот тенисер Беноа Пер доби парична казна од 16.500 долари заради непримерно однесување.

Тој во три сета беше поразен од кипарскиот тенисер Маркос Багдатис на отворањето на турнирот Сити опен во Вашингтон, a пред самиот крај на натпреварот во налет на гнев поради поразот искрши три рекети.

– Навистина бев вознемиерн. Меѓутоа, она што треба да се памети е дека напредувам во играта. Оние кои сакаат да се занимаваат со другите нешта нека продолжат, но тоа е зад мене, истакна Пер.

Казната која АТП му ја одреди на францускиот тенисер е двојно поголема од наградата која ја доби за учество на турнирот.

МИА

Коронавирус