четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 144
home Останати спортови

Белинда Бенчиќ олимписка шампионка во тенис

Белинда Бенчиќ олимписка шампионка во тенис

Белинда Бенчиќ го освои златниот медал на олимпискиот турнир во Токио. Швајцарката во финалето ја победи Маркета Вондрашува од Чешка по сетови (7/5, 2/6, 6/3).

Мечот кој траеше два часа и 28 минути донесе фестивал на брејкови. Пет пати тенисерките ги губеа сервисите во првиот сет, малку поуспешна беше Бенчиќ, која го освои воведниот сет.

Во вториот Швајцарката застана, Вондрушова со два брејка успеа да израмни на 1:1 во сетови.

Во третиот сет повторно пет брејкови, еден повеќе за Бенчиќ, што и овозможи да ја забележи најголемата победа во кариерата.

Коронавирус