среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Останати спортови

Белгијката феномен: Клајстерс роди три деца и се враќа на тенисот

Белгијката феномен: Клајстерс роди три деца и се враќа на тенисот

Ким Клајстерс (36) во 2007 година за првпат се повлече од ВТА турот кога ја роди ќеркичката Жади Еле. На тениските терени се врати во 2009 година во која триумфира на Ју-ес опен, титула што ја одбрани на наредното издание на гренд слемот во Њујорк додека во 2011 година го освои пехарот и на Австралија опен.

Во 2012 година, по мечот со Боб Брајан во мешани двојки, повторно се повлече поради бременост и желба за посветување на семејството. Оттогаш ги роди и синовите Џејк и Блејк кои имаат седум, односно, три години. Меѓутоа, осум години подоцна реши пак да земе рекет во рака.

Клајстер требаше да се врати на професионалниот тенис на Австралија опен, но се повреди поради што требаше да паузира до март. Но, го забрза процесот на рехабилитација, па гренд слем шампионката најави кам-бек во Дубаи.

Турнирот е од серијата 500 и закажан е од 17 до 22 февруари. Зад себе има 41 ВТА титула, вклучувајќи ги и четирите на гренд слем турнирите на кои уима две победи и во конкуренција на двојки.