понеделник, 6. декември 2021. Вести денес: 0
home Останати спортови

Бекер: Не можам да замислам Ѓоковиќ да го пропушти Австралија опен

Бекер: Не можам да замислам Ѓоковиќ да го пропушти Австралија опен

Шесткратниот Грен слем шампион и поранешен тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер, ја коментираше можноста Србинот да не оди на Австралија опен поради неговиот став за вакцинацијата против коронавирус.

– Не можам да замислам да го пропушти турнирот во Австралија. Премногу го сака спортот, премногу ја сака тениската историја. Тој сака да го освои својот 21. Грен слем, а Австралија опен е неговиот најдобар турнир од четири најголеми во светот. Го има освоено веќе девет пати, зошто да не го освои и 10-тиот? Тој вели дека вакцините се лична работа. И јас го поддржувам. Но, ако сака да игра на турнејата, мора да ги следи правилата, изјави Бекер.

Настапот на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ на претстојниот грен-слем турнир Австралија опен сè уште е неизвесен.

Ѓоковиќ речиси деценија ипол е владетел во Мелбурн, на кој за прв пат триумфираше во 2008 година, а вкупно го има освоено девет пати.

Организаторите на турнирот, закажан од 17 до 30 јануари следната година, снимија два промотивни видеоматеријали во кои српскиот тенисер го нема.

Сите тенисери, кои ќе настапат во Мелбурн, мораат да бидат вакцинирани против коронавирус, а Ѓоковиќ за цело време на пандемијата беше еден од најжестоките критичари околу вакцинирањето на тенисерите.

Коронавирус