сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 86
home Останати спортови

Бекер: Ѓоковиќ нема да се прошета до титулата на Вимблдон, има еден ривал кој не треба да се заборави

Бекер: Ѓоковиќ нема да се прошета до титулата на Вимблдон, има еден ривал кој не треба да се заборави

Славниот германски ас, Борис Бекер кој важи за еден од најголемите тенисери во историјата на овој спорт проговори за шансите на Новак Ѓоковиќ да дојде до титулата на Вимблдон.

Со оглед на тоа што доста значајни имиња го откажаа настапот, добар дел пак не се во добра форма, очекувањата се дека Ѓоковиќ ќе се „прошета“ до трофејот на Вимблдон. Ако се суди според досега одиграното Србинот навистина „гази“ и без некој проблеми стигна до четвртфиналето каде ќе ги одмери силите со Мартон Фучович.

Меѓутоа според Бекер нема да му биде лесно да Ноле да ја заокружи својата работа на турнирот, поточно верува дека во ждрепката се уште има играчи кои можат да му направат проблеми на патот до 20. грен слен во кариерата.

-Ѓоковиќ нема да се прошета до титулата. Некои играчи кои сè уште се во ждрепката се потценети. И Новак има уште еден ривал што не треба да се заборави – тоа е историјата. Колку е поблиску до освојувањето на 20. Грен слем, толку е поголем притисокот врз него, -тврди Бекер кој во минатото му беше тренер на првиот светски рекет.

-Можам да ве уверам дека Ѓоковиќ не се гледа себеси како сигурен победник на турнирот, а и другите не треба така да размислуваат. Мислам дека сите сме премногу фокусирани на легендарни играчи, како што се Федерер, Мареј и не ги гледаме другите момци од кои некои ќе бидат грен слем шампиони во наредните години, -дополни Борис.

Коронавирус