понеделник, 23. септември 2019. Вести денес: 0
home Останати спортови

Балкански карате семинар во Скопје

Балкански карате семинар во Скопје

На 12 и 13 април во Скопје ќе се одржи Големиот балкански карате семинар 2 во организација на Карате центар Пејов во Спорсткиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

Семинарот ќе го водат инструкторите шихан Тони Петров од Бугарија – 7 дан, сенсеи Зоран Пејов од Македонија – 5 дан, сенсеи Ранко Вукотиќ од Црна Гора и сенсеи Милан Ѓокиќ од Србија – 7 дан.

Главниот настан и свеченото отворање се на 13 април (сабота) во малата сала на „Борис Трајковски“ со почеток од 15 часот.

Се очекуваат учесници од Македонија, Србија, Бугарија, Црна Гора, Турција, од Косово се чека потврда.

Големиот балкански карате семинар е со заложба – пат на мирот и љубовта, толеранција, разбирање и регионална соработка. Да се надминат разликите, да се биде пример на сите. Да се покаже дека ги има каратистисте. Практикувајќи го со нас (мајсторите-н.з.)  традиционалното карате – до, спортското карате, џиу џицу и самоодбрана.

Да потсетиме дека Минатата година Големиот балкански карате семинар во Скопје од сите мајстори беше прогласен за најдобро организиран, на кого присуствуваа амбасадорите Душанка Дивјак – Томиќ од Србија, Иван Петков од Бугарија и заменикот на амбасадорот на САД, Микаела Швајцер – Блум, како и третиот секретар на српската амбасада Срѓан Недељковиќ.

Идејата е со заедничка соработка да се изградат спортисти кои балканските земји ќе ги претставуваат на Олимписките игри во Париз 2024 (ако го има на листата на спортови на Игрите) и соработка со Францсуката карате федерација. Оваа врска се гради преку нашиот мајстор кој живее и работи во Франција, Стојан Стојанов, роден кавадарчанец.

Годинава семинарот почна од Софија на 22 и 23 март, а продолжува во:
Скопје – Македонија 12 и 13 април
Ниш – Србија 7 и 8 јуни
Будва – Црна Гора  20–23 јуни.