вторник, 3. октомври 2023. Вести денес: 125
home Останати спортови

Азаренка се повлече од турнирот во Сан Хозе

Азаренка се повлече од турнирот во Сан Хозе

Поранешната најдобра тенисерка во светот Викторија Азаренка не успеа да се пласира во полуфиналето на ВТА турнирот во Сан Хозе, откако во вториот сет мораше да го предаде натпреварот на американската тенисерка Даниел Роуз Колинс.

Азаренка го доби првиот сет од четвртфиналниот натпревар, но во почетокот на вториот сет се повреди и се пожали на силни болки по што се повлече од натпреварот.

Колинс во полуфиналето ќе се соочи со грчката тенисерка Марија Сакари, која во претходното коло ја совлада фаворизираната Венус Вилијамс.