сабота, 11. јули 2020. Вести денес: 0
МЕГА БОМБА

Еве ја целата листа: Речиси цело семејство Заеви, министри, градоначалници и функционери на СДСМ добија кривични од Боки 13

home Останати спортови

Австралиска корпорација шахот го смета за расистичка игра, затоа што секогаш белите фигури го влечат првиот потег

Австралиска корпорација шахот го смета за расистичка игра, затоа што секогаш белите фигури го влечат првиот потег

Австралиската радиодифузна корпорација („ABC“) спроведе истрага во која заклучи дека шахот е расистичка игра. Анкетарите на корпорацијата ги прашаа играчите: „Дали шахот е расистичка игра бидејќи секогаш тој што игра со бели фигури има предност?“

Еден од поранешните австралиски шахисти, Џон Адамс, ја критикуваше компанијата на својот Твитер.

– Само што добив повик од „АБЦ“ кои побараа коментар за шахот. Тие решија дека играта е расистичка, затоа што белите фигури секогаш стартуваат први. Сега тие бараат коментар во име на шаховскиот свет. Сакаат некој да каже дека треба да се изменат правилата! Шокиран сум што „АБЦ“ која се финансира со нашите даноци, се занимава со вакви теми, потенцира Адамс. (МИА)

Парламентарни избори 2020