среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 32
home Останати спортови

„Австралија опен“ ги затвори трибините, во Мелбурн локдаун

„Австралија опен“ ги затвори трибините, во Мелбурн локдаун

Натпреварите на тенискиот Грен слем Австралија опен во Мелбурн парк ќе продолжат без навивачи на трибините.

– Во следните пет дена, натпреварите на Австралија опен во Мелбурн парк ќе се одржуваат без навивачи на трибините. Ова се должи на одлуката на властите на австралиската држава Викторија за локално заклучување. Причината е епидемија на коронавирус во хотел лоциран на аеродромот во Мелбурн, каде што веќе се евидентирани 13 позитивни тестови за COVID-19, објавија тамошните медиуми.

Денес гледачите сè уште се присутни на Австралија опен, но трибините ќе бидат затворени од сабота до среда.

– Ништо не го загрозува одржувањето на самите натпревари, но во правна смисла, тенисот од забавен настан станува работно место за спортистите, изјави лице од организацијата на турнирот.

Претходно, до 30.000 навивачи беа дозволени на терените на „Мелбурн Парк“ секој ден. Одлуката на владата на Викторија е уште еден удар врз организаторите на Австралија опен, кои веќе поминаа низ многу проблеми поради двонеделниот карантин на тенисерите и разни ограничувања на турнирот.

ЕУРО 2020

Македонија