петок, 25. септември 2020. Вести денес: 34
home Останати спортови

АТП вклучи уште четири турнири во календарот 2020 година

АТП вклучи уште четири турнири во календарот 2020 година

Четири нови турнири се додадени на календарот на АТП за остатокот од 2020 година, соопштија од здружението.

Германскиот град Келн ќе биде домаќин на два турнири во последователни недели од серијата АТП 250, кои ќе се одржат на тврда подлога во сала.

На островот Сардинија ќе има турнир на земја, а главниот град на Казахстан, Нур-Султан, исто така, ќе биде домаќин на турнир во сала.

АТП посочи дека сите четири натпреварувања ќе се одржат во согласност со највисоките санитарни барања.

Турнирите во Келн ќе започнат на 12 октомври, кога ќе започне турнирот во Сардинија.

Казахстанскиот „Астана опен“ започнува на 26 октомври.

Коронавирус