Организаторите на тенискиот Мастерс во Мадрид, денеска ја објавија листата на учесници на турнирот и на неа изненадувачки се најде името на првиот тенисер на АТП листата Србинот Новак Ѓоковиќ
Српскиот тенисер ја освои титулата во 2019 година, додека турнирот во Мадрид не се одржа во 2020 година поради пандемијата на коронавирусот.
Покрај Ѓоковиќ, на Мастерсот во Мадрид кој ќе се игра од 2. до 9. мај, ќе настапат и Рафаел Надал, Рожер Федерер, Данил Медведев, Стефанос Циципас.
Најуспешен тенисер на Мастерсот во Мадрид е Рафаел Надал со пет триумфи, додека Ѓоковиќ и Федерер имаат по три освоени титули..