четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 166
home Останати спортови

АТП го казни Вимблдон за суспензијата на руските и белоруските спортисти

АТП го казни Вимблдон за суспензијата на руските и белоруските спортисти

енисерите кои сезонава ќе настапат на Вимблдон нема да добијат поени за рангирање на АТП-листата, објави Асоцијацијата на тениски професионалци.

Оваа мерка АТП ја презема против грен слемот, бидејќи организаторите им забранија настап на спортистите од Белорусија и Русија, поради руската инвазија на Украина. Одземањето на поени на Вимблдон, сега засега важи само за машкиот дел од турнирот, а наскоро се очекува и одлуката на ВТА за женските натпреварувачи.

„Дискриминација на индивидуални турнири едноставно не е издржлива на турнејата која оперира во повеќе од 30 земји“, се вели во дел од соопштението на АТП.

Коронавирус