сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 65
home Останати спортови

Атлетичарката Ислами собори државен рекорд

Атлетичарката Ислами собори државен рекорд

Над 150 натпреварувачи вчера земаа учество на Националното првенство за младинци во атлетика кое се одржа на националната арена „Тодор Проески“. На првенството атлетичарката Дрита Ислами после три години постигна нов државен рекорд на 400 метри со пречки со резултат од 58.66 и тоа претставува најдобар резултат постигнат за оваа сезона по IAAF бодови, истакна Александра Војнеска Зикова, претседателка на АФМ.

– Уште еден успешен настан на Федерацијата. Ме радува тоа што се пријавија над 150 натпреварувачи што ни дава мотив да работиме посветено и да се стремиме кон промовирање нови генерации на се подобри атлетичари. Оваа година исто така беше дозволен настап на сениори со оглед на тоа дека ни престојат многу меѓународни натпревари, факт е дека е олимписка година и треба да избереме кој од Атлетската Федерација ќе не претставува на Олимпијада во Токио.

Атлетичарката Дрита Ислами среќна е што успеала после три години да го собори истиот рекорд што го имала претходно.

– Можам да кажам дека сум пресреќна бидејќи се вратив после повредата, поточно сега сум многу појака а тоа ме израдува, можам да трчам здрава и се надевам дека следните трки ќе бидат уште по успешни од оваа. Мојата цел за оваа година е да бидам прва на Европското тимско првенство кое ќе се одржи во Кипар, трета лига. Ќе трчам на многу дисциплини но секако приоритет ќе ми биде на 400 метри со пречки, изјави Ислами.

Следни настапи македонските атлетичари ќе имаат на Европското првенство за млади сениори до 23 години и Европско тимско првенство во Кипар коешто треба да се одржи во јуни.

Коронавирус