недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 0
home Останати спортови

Атлетичарка која го воодушеви светот: Ја скрши ногата пред целта, но сепак ја заврши трката во солзи и крвави колена (ВИДЕО)

Атлетичарка која го воодушеви светот: Ја скрши ногата пред целта, но сепак ја заврши трката во солзи и крвави колена (ВИДЕО)

Во време кога светот на спортот се врти околу парите, бизнисот, околу супер ѕвездите Роналдо, Меси, Леброн или Федерер, лесно е да се заборави на младите спортисти и маката низ која поминуваат во сенка на споменатите великани, а не заработуваат ниту приближно како нив.

Јапонската атлетичарка Реј Лид е една од нив која стана вистинска хероина, бидејќи на трката во Кукуоки ја скршила ногата, но тоа не ја спречи да ја заврши трката.

Станува збор за штафета на осум километри, а Лид на некои 300 метри пред целта, односно пред да направи замена гадно ја повреди ногата. Не можела повеќе да трча, ниту да оди, па почнала да ползи по асфалтот.

За такво движење патот бил многу долг, но не ѝ “паднало” на памет да се откаже. Додека нејзината колешка нервозно гледала на часовникот, Лид ја помина целта во солзи и крвави колена после што ја одвеле во болница каде ја известиле дека се здобила со фрактура на глуждот.

Јапонката го воодушеви светот со нејзината упорност и одговорност кон екипата, нејзината гордост не ѝ дозволи да се откаже, туку по секоја цена сакаше да ѝ даде можност на екипата да ја заврши трката.

Коронавирус