Останати спортови

Астон Мартин со 1,2 милијарди евра тргнува по Макс Верстапен!

Астон Мартин со 1,2 милијарди евра тргнува по Макс Верстапен!

Вчера и денеска во медиумите на Островот наголемо се пренесува дека Астон Мартин го сака во своите редови Холанѓанецот и сака да му понуди петтгодишен договор вреден фантастични 1,2 милијарди евра или 237 милиони евра со кои пари Макс ќе биде најплатен спортист во светот.

Познато е дека од оваа сезона во тимот на Астон Мартин ќе биде Адријан Њуи, досегашниот главен дизајнер во Ред Бул и еден од најзаслужните за титулите на Макс во изминатите четири години.

To top